Истражувањата го дале одговорот: Зошто никогаш не треба да го користите мобилниот телефон додека сте во тоалетот?

Точка

15/04/2024

15:06

4.364

Големина на фонт

а а а

Користењето на телефонот додека сте во тоалет може да направи повеќе штета отколку добро, а една неодамнешна студија покажала дека телефоните се всушност двојно повалкани дури и од веце-школката.

Користењето на телефонот додека сте во тоалет може да направи повеќе штета отколку добро, а една неодамнешна студија покажала дека телефоните се всушност двојно повалкани дури и од веце-школката.


Во последниве години станавме сè позависни од нашите мобилни телефони – од користење на уредот за секојдневни задачи како што се утрински аларм, предупредувања во календарот и навигација, до извор на постојана забава или одвлекување на вниманието. Ова вклучува и купување преку интернет додека гледате телевизија, гледање видеа во јавен превоз, па дури и „скролање“ на социјалните мрежи додека сте во тоалет. Последново може да изгледа како невина активност, но неодамнешно истражување открива дека многумина би можеле да бидат изложени на штетни бактерии.

Студијата спроведена во Велика Британија од страна на „Инишал Вашрум Хајџин“ открива „високо ниво“ на биолошка контаминација на повеќе од половина од паметните телефони. Тие откриле дека просечниот паметен телефон има двојно повеќе бактерии од веце-школката, при што на еден е забележано шокантно ниво на контаминација од 558 проценти.


Наодите се засноваат на тестови со брисови со аденозин трифосфат (АТП) и АТП биолуминисцентен читач, кој детектира нивоа на биолошки живот кои не се видливи за човечкото око. Анализата на резултатите покажала дека повеќе од половина (52 проценти) од телефоните се оние што експертите би ги опишале како „силно контаминирани“ со микробна контаминација.

Покрај тоа, спроведена е и анкета на повеќе од 2.000 лица со цел да се откријат навиките на населението. Анкетата открила точно зошто нашите телефони се толку контаминирани: секој четврти возрасен во Велика Британија признава дека никогаш не го чисти својот паметен телефон. Згора на тоа, 59 отсто признале дека ги користеле своите телефони додека биле во бања или тоалет.

Коментирајќи ги резултатите, Џејми Вудхол, менаџер за технолошки иновации во „Инишал Вашрум Хајџин“, истакнал:

– Нашите телефони се вообичаен резервоар за потенцијално штетни патогени и знаеме дека луѓето имаат тенденција да ги користат додека го посетуваат тоалетот. Ова е особено алармантно ако се земе предвид дека до 80 проценти од сите инфекции се пренесуваат со допир.


Тој истакнал дека хигиената на рацете е од витално значење и дека луѓето треба особено да внимаваат.




Спонзорирани линкови

Маркетинг