Интер не може да му го собори рекордот на Јувентус

Дерби

15/04/2024

12:55

900

Големина на фонт

а а а

Актуелниот лидер во италијанскиот фудбалски шампионат Интер не дојде до посакуваниот резултат во дуелот со Калјари кој заврши без победник 2-2.

Домаќините важеа за апсолутни фаворити, но и покрај тоа што двапати водеа со головите на Тирам и Чалханоглу не успеаа да ја забележат 26. победа во шампионатот.

Со овој резултат „нероѕаурите“ официјално ги загубија сите шанса да го соборат рекордот на Јувентус за освоени бодови во една кампања. Клубот од Торино во сезоната 2013-14 под водство на Антонио Конте освои дури 102 поени, а Интер пак ако слави на сите дуели до крјаот може да дојде до максимални 101 бод.

Останува да се види дали четата на Инѕаги може да го подобри најдобриот клупски учинок остварен во кампањата 2006-07 кога се заврши со 97 бодови.

Интер сега има 83, а до крајот има уште шест кола.



Спонзорирани линкови

Маркетинг