Офанзивецот не сака да се врати во Милан: Овде се чувствувам како дома, не сакам повторно да завршам на клупа

Дерби

15/04/2024

12:50

736

Големина на фонт

а а а

Милан допрва ќе треба да одлучи за некои потези, а меѓу нив е и иднината на повремениот репрезентативец на Белгија, Шарл Де Кетелар.

Тој не се снајде на „Сан Сиро“ и во актуелнава кампања игра како позајмен играч во Аталанта каде се врати во посакуваната форма, ритам и тоа дефинитивно му донесе нова енергија, самодоверба, па офанзивецот има јасен став околу неговиот статус.

- Научив многу од негативната сезона во Милан. Тоа ми помогна да направам чекори напред и ќе ми помогне повеќе во иднина. Можеш многу да научиш од добра сезона, но уште повеќе учиш од сезони кои не се толку добри. Среќен сум во Аталанта; Ја најдов вистинската средина за мене и мојот стил на игра, што можеше да ми го даде само Аталанта. Играме добар фудбал и сите играчи знаат што да прават. Гасперини е тежок, но и праведен, - рече Белгиецот и додаде:

- Ако зависи од мене, би останал тука бидејќи можам дополнително да се подобрам. Милан е голем клуб, но јас треба да играм токму сега и не сакам повторно да завршам на клупата. Аталанта ми помага, од персоналот до моите соиграчи и навивачите кои направија да се чувствувам како дома, - порача Де Кетелар кој има договор со „росонерите“ до 30 јуни 2027 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг