Арсенал претрпе болен пораз во битката за титулата, Рајт го пронајде виновникот: Тој се „исклучи“ на теренот!

Дерби

15/04/2024

11:50

751

Големина на фонт

а а а

Неделната фудаблска програма не можеше да испадне подобар за навивачите на Манчестер Сити, бидејќи најпрво Ливерпул загуби на домашен терен од Кристал Палас, а потоа и Арсенал доживеа нокаут од Астон Вила на „Емирејтс“.

Двата резултати одат во прилог на актуелниот шампион кој од саботата е нов лидер во Премиер лигата, но сега има два бода повеќе од ривалите со ист број на одиграни натпревари.

„Граѓаните“ сега имаат се во свои раце и тоа е ситуација која ја посакуваше Пеп Гвардиола, бидејќи сега и притисокот ќе биде на спротивната страна, бидејќи Ливерпул и Арсенал ќе немаат право на грешка.

Арсенал вчера не го искористи одличното прво полувреме и пропушти да поведе на семафорот, а потоа одигра прескромен втор дел за свои стандарди и беше жестоко казнет од гостите од Бирмингем.

Унаи Емери му нанесе тежок и болен пораз на својот поранешен клуб, но според легенадрниот Јан Рајт, главен виновник за поразот е Габриел Мартинели кој одиграл криминално во одбрана во акцијата за 1:0.

– Арсенал цела сезона игра добро во дефанзива, но сега погледнете го Мартинели. Сите беа вклучени за време на акцијата, но тој беше исклучен. Бејли е негов човек, тој требаше да биде блиску до него. Мора да биде до него, тоа е толку едноставно во фудбалот. Арсенал и даде премногу шанси на Вила во самата завршница и тие ја зграбија шансата. Мартинели се „исклучи“ и премногу доцна го сфати тоа. Овој момент ја направи главната разлика, – заклучи легендарниот Рајт.



Спонзорирани линкови

Маркетинг