[ФОТО] За оваа пејачка велат дека е најзгодната жена на светот, а и на 45 години изгледа неверојатно: Со синоќешното модно издание ги украла сите погледи

Точка

15/04/2024

10:00

7.398

Големина на фонт

а а а

Синоќа во Лондон било одржано доделувањето на наградите „The Olivier“ кое се случува секоја година за да се оддаде почит на професионалната театарска сцена во Лондон.

Наградите изворно биле познати како „The Society of West End Theatre Awards“, но промовирани биле во чест на славниот британски актер во 1984 година. Церемонијата се одржува од 1976 година.


На оваа церемонија најмногу се издвоила пејачката Никол Шерцингер (45) која пред сѐ е позната по успешната музичка кариера, а атрактивниот изглед секако дека не изостанува.

Поради атрактивноста неа ја нарекуваат најзгодната жена на светот. Впечатокот на многумина е дека оваа музичка ѕвезда како што поминуваат годините изгледа сѐ подобро.


Овојпат нејзиниот избор за гардероба бил раскошен, долг фустан, со огромен шлиц и истакнато деколте. Таа воедно изгледала елегантно и гламурозно.

Уште една гостинка која се истакнала со својот стил била манекенката и актерка Кара Делевињ која носела необичен фустан со геометриски дизајн. Облеката која изгледала како да е составена од неколку целини ги разоткрила нејзините бројни тетоважи. Се знае дека оваа ѕвезда боледува од псоријаза, па претходно на Мет галата во Њујорк се појавила со „златна кожа“.


Актерката Хана Ведингам во елегантен фустан со асиметричен крој и раскошна фризура исто така го привлекла вниманието. Ваквата комбинација ја надополнила со бели салонки.


Никол, која била во придружба на партнерот Том Еванс и Кара Делевињ исто така избрала да носи прекрасна фризура – максимално долга плетенка која моментално е една од најпопуларните во светот. Тој стил го следи и актерката и пејачка Зендаја.

Ви се допаѓаат ли овие модни комбинации?




Спонзорирани линкови

Маркетинг