Американски новинар тврди дека оваа намирница е подобра од било кој додаток во исхраната

Точка

14/04/2024

13:09

13.830

Големина на фонт

а а а

Американскиот новинар Мајкл Полан обожува растенија. Речиси две децении, тој ги охрабрува луѓето да јадат повеќе намирници од растително потекло, особено зеленчук.

Полан, автор на книгите „The Omnivore’s Dilemma“ и „In Defense of Food“, тврди дека зеленчукот може да делува како превентивен лек и да обезбеди повеќе здравствени придобивки од земањето скапи додатоци во исхраната.

„Многу е подобро да внесувате витамини од храната. Нашите тела еволуирале за да добиваат хранливи материи од храната, а не од таблети. Затоа, не е ни чудно што суплементите генерално не функционираат освен ако немате некој многу специфичен недостаток“, објаснил тој.


Кога станува збор за зеленчукот кој има најмногу придобивки, Полан ја издвојува брокулата.

„Во зеленчукот од семејството зелки се наоѓаат моќни хемикалии кои се разградуваат во биоактивни соединенија, кои можат да помогнат во спречување на некои форми на рак. Меѓутоа, кога научниците ги идентификувале овие соединенија и ги додале во суплементи, тие го немале истиот ефект“, истакнал Полан.


Со други зборови, овој американски новинар тврди дека е поисплатливо да се консумира свеж зеленчук, кој придонесува за здравјето на срцето, ги намалува шансите за развој на дијабетес тип 2 и поттикнува виткост, отколку да се трошат пари на додатоци во исхраната.

„Покрај исхраната богата со зеленчук, земам и мултивитамини, но тоа е тоа“, вели Полан.

Неодамнешните истражувања сугерираат дека дневниот внес на мултивитамини може да биде корисен за работната меморија на постарите лица. Меѓутоа, научниците сè уште се согласуваат дека ниту еден додаток не може да ѝ парира на добрата исхрана и вежбањето во спречувањето на многу хронични болести.



Спонзорирани линкови

Маркетинг