[ФОТО] Се омажи ќерката на Бранко Црвенковски: Елегантна венчаница и македонски евергрин за првиот танц

Точка

14/04/2024

10:53

12.271

Големина на фонт

а а а

Ќерката на поранешниот претседател Бранко Црвенковски, Марија Црвенковска, вчеравечер го кажа судбоносното „да“ заедно со своето долгогодишно момче Дамјан.

На венчавката, која се одржа во еден од најпознатите скопски хотели во строгиот центар на градот, присуствувале многу роднини и пријатели, а дел од атмосферата беше пренесена и на социјалните мрежи.


Убавата Марија носела елегантна венчаница, надополнета со нежна фризура и дискретна шминка, а парот го одиграл својот прв танц на песната „Љубовта е моја религија“ од Каролина Гочева и Владо Јаневски.

Инаку Бранко Црвенковски со сопругата Јасна го има и синот Љупчо, кој неодамна доби принова во семејството.




Спонзорирани линкови

Маркетинг