10 сурови вистини на Фројд: „За да ја разберете жената, лавиринтот мора да го претворите во права линија“

Точка

13/04/2024

18:00

6.833

Големина на фонт

а а а

Сигмунд Фројд бил основач на психоанализата, а самиот доктор имал несреден личен живот.

Меѓутоа, се смета дека тој знаел да „нурне“ во човековиот мозок повеќе од кого и да е.

Ова се суровите вистини на Фројд:

1. Целта на животот е смртта

Личноста која е свесна за овој совет ќе покаже храброст. Најважно е да ја сфатите смртта.

2. Две работи помагаа во одржување на здравјето – љубовта кон животот и љубовта кон работата

Тоа што ќе умреме не значи дека не треба да живееме најдобро што е можно. Нашата работа може или да ни го разубави животот или да ни го уништи. Многу е важно што правиме затоа што тоа ја гради нашата личност.


3. Нашата моќ е во нашата слабост

Непријателите можат да нѐ уништат само со притискање на нашата слабост. Доколку личноста ги прифати своите недостатоци, другите нема да имаат оружје со кое можат да го уништат.

4. Она што го сметаме за љубов не е љубов туку либидо. Тоа нема врска со љубовта

Тестирајте ја својата љубов – замислете колку саканата личност може да ви нанесе болка. Доколку сте подготвени со него/неа да останете и после тоа, тогаш тоа е вистинска љубов.

5. Луѓето се многу поморални отколку што мислат и многу повеќе неморални отколку што можат да претпостават

Секој во животот го бира својот пат. Кој пат и да го избере, не критикувајте ги другите затоа што тоа е најнеморално.

6. Соништата се пат кон несвесното

Фројд прв го сфатил значењето на соништата и почнал да ги користи во терапијата. Без оглед на сето тоа, тоа е единствениот начин да спознаеме што нѐ мачи.

7. Нервозата е неможност на поднесување на неизвесноста

Нашата загриженост поради неизвесноста е едно од најтешките чувства. Но, сите на тоа реагираат на различни начини.


8. Луѓето можат да се заштитат од напади, но немоќни се пред комплиментите

Поголем дел од нас не можат да поднесат критика, а речиси сите тешко ги прифаќаме комплиментите.

9. За да ја разберете жената, лавиринтот мора да го претворите во права линија

Можеби причината е таа што мажите се предвидливи.

10. Секогаш барав самодоверба и сила во другите луѓе, но тие секогаш се во нас

Колку повеќе вашата самодоверба зависи од мислењето на околината, толку вие сте понесреќни и понепродуктивни.




Спонзорирани линкови

Маркетинг