25-те години разлика меѓу нив не му биле проблем: Ова е моментот кога Мајкл Даглас сфатил дека Кетрин е онаа вистинската

Точка

13/04/2024

16:32

12.286

Големина на фонт

а а а

Познатиот пар годинава слави 24 години од брак, а тие, според зборовите на актерот, денес се заљубени и повеќе од порано.

Холивудскиот актер Мајкл Даглас (79), со години бил еден од најпосакуваните мажи во филмската индустрија, но во поголем дел од времето бил зафатен.

Од првата сопруга Дијандра Лукер со која бил оженет од 1977 година се развел во 2000 година, а истата година се оженил со 25 години помладата колешка Кетрин Зита Џонс (54).


Парот во меѓувреме добил две деца, проживеал многу падови и издигнувања, а актерката на Даглас му била најголемата поддршка во текот на неговата борба со канцерот.

Тие досега споделиле неколку детали од својот љубовен живот и брак, а актерот сега открил дека од самиот почеток бил свесен дека Кетрин е љубовта на неговиот живот.

Тој во емисијата „Lorraine“ раскажал дека актерката и тој денес се заљубени повеќе од кога и да е, а споделил и симпатична приказна за тоа како почнале да се зближуваат.

„Знаеш, Кетрин сака голф. Тоа всушност е нешто поради што прво бевме блиски. Работите делуваа добро и потоа реков: Што мислиш за голфот?, а таа рече: О, јас сакам голф!, јас додадов: Сакаш? Тоа ми е предобро за да биде вистина“, изјавил актерот.


Тој истакнал дека тогаш сфатил дека Кетрин е онаа вистинската.

Популарна е и приказната за тоа дека Мајкл Даглас штом се запознале рекол: „Сакам да бидам татко на твоите деца“.

Парот се венчал во Њујорк во 2000 година, а потоа го добиле синот Дилан (23) и ќерката Керис (20).




Спонзорирани линкови

Маркетинг