Почина легендарниот моден дизајнер Роберто Кавали

Точка

12/04/2024

21:05

9.739

Големина на фонт

а а а

Модниот дизајнер Роберто Кавали почина во Фиренца на 83 години по долго боледување, пишува порталот „La Republica“. Зад себе остави шест деца, меѓу кои и најмладиот Џорџо, на возраст од околу една година.

Кавали започнал да се занимава со мода како многу млад и во 1970-та година создал сопствен бренд кој се истакнал со својата креативност и големото влијание на модните писти, во голема мера користејќи вез и крзно.

Брендот е продаден во 2015-та година кога дизајнерот се повлече од јавниот живот.


Долгите фустани со проѕирни материјали и богати изрези одбележаа долг период од модата. Исто така Кавали ја создаде линијата „Just Cavalli“, лансирана во 1998-ма година.

Се родил и израснал во Фиренца, градот кој го сакал. Неговиот дедо Џузепе Роси, бил познат сликар, додека неговиот татко Џорџо бил убиен од нацистите во 1944-та година. Дизајнерот рекол дека неговиот последен син го добил името Џорџо токму од таа причина.


Познатиот дизајнер веќе некое време бил болен, а во последните недели неговата состојба се влошила.