Искористете ја нејзината сезона: Оваа намирница е одлична за борба против болестите на бубрези, остеопороза, проблеми со дијабетес...

Точка

12/04/2024

22:28

8.506

Големина на фонт

а а а

Модерната наука пронашла бројни докази кои ги поддржуваат древните верувања за лековитите дејства на копривата, како богат извор на антиоксиданти кои го намалуваат бројот на слободните радикали во нашето тело.

  1. Освен што листовите од коприва се добар извор на калциум и други минерали кои можат да помогнат во намалување на ризикот од болести на бубрезите, остеопороза и многу други сериозни состојби, исто така тие се добар извор на линолеинска киселина, железо, магнезиум и калиум, витамин Ц и витамин А.

  2. Листот од коприва е одличен и за намалување на воспаленија и болки во зглобовите.

    Научниците веруваат дека копривата може да помогне во контролирање на шеќерот во крвта кај лицата со дијабетес.

    Копривата одамна е омилена во народната медицина поради својата улога во борбата против сезонските алергии и други поблаги респираторни заболувања.

    Листот од коприва може да биде одличен во третманите за одредување на состојби на простатата, како што се бенигна хиперплазија на простатата, отекување на простатата. Копривата е еден од најстарите забележани лекови за лекување и спречување на губење на косата.


    Копривата има природно адстригентно својство, а адстригентите се прекрасни за лекување на проблемите со кожата, како што се масна кожа, сува и иритантна, но и воспалена кожа предизвикана од убод на инсекти, па дури и егзема.




Спонзорирани линкови

Маркетинг