Семејството на султанот од Брунеи на својата опсесија со автомобили потрошило милијарди долари на илјадници автомобили, од кои многу се уникатни.
На повеќето им е добро позната склоноста на султанот во поглед на автомобилите. Освен премиум автомобили од стандардната понуда, султанот неретко нарачувал и уникати, посебно каравани. Така имал каравански „Bentley“ во кросовер издание и пред да настане „Bentayga“, а на листата имало и каравани на „Mercedes S класа“, „Ferrari 456“ и други.
Рамбо Ламбо
Меѓу нив се најде и еден навистина посебен „Lamborghini“. Како „LM002“ попознат како „Rambo Lambo“ да не бил доволен, султанот посакал продолжена караванска изведба. „Lamborghini“ не ја одобрил таквата изведба со седум седишта и дополнителни 500 килограми.
Седмоседот сепак бил создаден благодарение на една каросериска компанија, а султанот со него минал само околу 1.800 километри. Преведено, ова возило животниот век го минало во главно под кров, возејќи од колекционерска хала до колекционерска хала.
Автомобилот го пронашол „Shmee1500“, а на својот Јутјуб канал ја открил и интересната историја на овој автомобил. Моментално се наоѓа во составот на колекцијата „Мотикон“ во Шведска. Автомобилот од султанот го купил поранешниот шеф на „BMW“ и „VW“ Бернд Пишетсридер, а потоа уште неколку пати го променил сопственикот.
За носење на деца во училиште
Една Швеѓанка го користела за да ги носи децата до училиште, што баш и не се исплати, имајќи ја предвид огромната маса на возилото и V12 моторот.
Сопственикот сега е во потрага по нови гуми. Моментално во понудата има само еден сет, а цената му е околу 50.000 евра.