„Nissan“ на светската јавност, преку лајв-стриминг, на 17-ти овој месец ќе го претстави ре-стилизираниот „Qashqai“. Додека се чека да се откријат детали за новиот јапонски „SUV“, објавен е „тизер“ кој покажува некои од промените во стилот на автомобилот и внатрешноста.
Во краткиот филм, кој можете да погледнете во продолжение, „Nissan“ сакал да го прикаже „Qashqai MS 2024“ нагласувајќи некои до претстојните иновации: пред сè новите „LED“ дневни светла, кои додаваат втора група светла во таканаречениот геометриски дизајн.
Во внатрешноста, меѓутоа, можете да видите нови екрани посветени на инструментите и инфозабавниот центар: конкретно, вториот екран е тој кој еволуирал, поголем е и со контроли за брз избор. Новиот „Qashqai“ исто така ќе има редизајнирани браници и ажурирана завршна обработка на ентериерот, но не може да се исклучи доаѓање на некои нови опции посветени на комфорот.
„Nissan“ засега не откри информации за погонскиот склоп, но многу е веројатно дека електрификацијата ќе остане камен темелник на понудата благодарение на технологијата „E-Power“. Јапонските техничари можеби пронашле начин овој единствен систем да го направат поефикасен.
За верзијата „Bev“, односно целосно електричната, ќе мора да ја почекаме следната генерација, додека дизелот е веќе напуштен во 2021-ва година при лансирањето на актуелната генерација.