Ова се градовите со најевтино пиво во Европа: Во една метропола за половина литар ќе платите само 1 евро, помалку од еспресо во Скопје

Точка

03/04/2024

16:31

3.793

Големина на фонт

а а а

Замислете ја оваа идилична сцена … Пролетен сончев ден го осветлил градот, а вие штотуку пристигнавте на вашата дестинација. Откако ќе го оставите багажот во удобен хотел или апартман, едвај го чекате моментот кога ќе се сместите на терасата покрај морето или во зелената градина, опкружени со благ ветер и топлите сончеви зраци.

Во раката држите ладно шише од омиленото пиво, чии капки играат на површината на стаклото. За оние од нас кои сме љубители на пивото, постојат малку работи кои можат да се споредат со наведената ситуација. Но, кога станува збор за цената на пивото, во Европа има голема разлика во зависност од тоа каде се наоѓате.


Некои дестинации ќе ве расположат кога ќе ви послужат пијалак од хмељ за само едно евро, но на многу места сепак ќе мора длабоко да посегнете во вашиот паричник.

Еве каде во Европа може да се најде најевтиното, а каде најскапото пиво …

Во главниот град на Белорусија цената на пивото ќе ве чини помалку од еспресо во Скопје

Глобално познатата веб-страница посветена на патувањата, „OMIO“, неодамна ги објави резултатите на големото истражување во кое ги анализирале цените на половина литар пиво во градовите низ Европа, а резултатите покажале дека најповолното место за купување пиво е Минск. Во белоруската метропола половина литар ќе ве чини само 1,05 евра, што е значително помалку од, на пример, шише сода или еспресо во нашите кафулиња.


Кишињев во Молдавија е на второто место, а половина литар пиво таму ќе ве чини само 1,30 евра, а третото место го зазема Баку во Азербејџан со цена од 1,35 евра. Во главниот град на Грузија, Тбилиси, за пиво ќе платите 1,69 евра, во Еверан, Ерменија, 1,83 евра, во Софија, Бугарија, 1,94 евра, во Скопје, 1,94 евра, во Приштина 2 евра, во Сараево 2,04 евра, а десеттото место на листата ја зазела Прага со цена од 2,17 евра.


Најскапото пиво се пие во Рејкјавик

Од друга страна, доколку сакате да уживате во омилениот пијалак во главниот град на Исланд, за тоа задоволство ќе треба да издвоите дури 10,05 евра. Ништо подобро не е цената во Осло, каде за половина литар ќе платите 9,49 евра, како и во Хелсинки каде ќе ве чини 7,98 евра.


На листата најскапи градови се нашле и Лондон (7,58 евра), Монако (7,48 евра), Копенхаген (7,36 евра), Париз (6,98 евра), Стокхолм (6,71 евра) и Даблин (6,49 евра).