Рецепт за лажни руски капи, без јајца и печење: Десерт кој ќе ви стане омилен

Точка

02/04/2024

16:15

15.882

Големина на фонт

а а а

Доколку сте љубители на руски капи, тогаш ќе ја сакате и оваа варијанта која се прави уште побрзо.

Руските капи се омилен колач за многумина, мирисаат на домашна кујна, детство и многу се слатки. Се прават и во солена варијанта, а во секоја верзија се превкусни.

Состојки:

- 1 литар млеко;
- 130 грама брашно;
- 170 грама шеќер;
- 60 грама густин;
- 2 лажици путер;
- една лажичка ванилин шеќер;
- 100 грама печени кикиритки;
- 1 чоколадо;
- кокос.


Подготовка:

1. Ставете го литарот млеко во тенџере, па на оган да се вари. Во млекото додадете го шеќерот, брашното, густинот и ванилиниот шеќер, па мешајте додека смесата не се соедини. Тргнете го тенџерето од рингла, па додадете го путерот. Добро помешајте.

2. Поделете ја смесата и ставете ја во обични стаклени чаши (околу 180 милилитри смеса во една чаша). Треба да има доволно смеса за 5 поголеми чаши.

3. Ставете ги во фрижидер да се изладат.

4. Исечкајте ги печените кикиритки на ситно.

5. Откако смесата ќе се излади, преполовете ја на пола.

6. Извалкајте ја секоја половина во кикиритките.

7. Чоколадото стопете го, па ставете го на врвот од слатките. Најгоре ставете кокос.

На здравје!




Спонзорирани линкови

Маркетинг