[ВИДЕО] Една година од исчезнувањето на Самоил, се огласи неговиот татко: „Се сомневаме дека е убиен и некаде фрлен, со себе имаше пари...“

Точка

01/04/2024

18:17

5.176

Големина на фонт

а а а

Помина една година од исчезнувањето на младиот Самоил Костадиновски од Скопје којшто на 3 март, сред бел ден беше грабнат, а оттогаш му се губи секоја трага.

Една година по потресниот настан неговото семејство нема никаква информација за грабнатото момче.

Обвинителството поднесе обвинение за грабнувањето против две лица, а утре во Кривичниот суд во Скопје се завршните зборови пред да се донесе пресуда која треба да биде осудителна, како што очекува таткото на исчезнатиот Самоил, Љупчо Костадиновски.

„Помина една година и еден месец, сѐ уште не знаеме каде е нашето дете, каде е нашиот Самоил. Немаме трага каде е нашето дете. Тој остави жена и две деца кои сега се без еден родител. Ние се сомневаме дека Самоил, бидејќи носеше пари со себе, оваа криминална група го има сто отсто убиено и некаде фрлено. Оваа иста група се нудела на албанското подземје дека е подготвена да убива, киднапира и дека истите лица биле поврзани со власта, со МВР, крим техниката и дека за нив нема одговорност.

Тоа се докажа кога дојдовме до сознанието дека се тие истите кои го запалиле „волвото“ во кое се возеле со Самоил. Полицијата не мрдна со прст. И мене ме испукаа поради тоа што потврдив дека Александар Трајковски Анфас е главниот организатор во групата. Тој е во бегство во моментов и тој е човекот кој пукаше во мене“, изјавил Костадиновски за „a1on“.

Семејството се сомнева дека Самоил е мртов поради мотивот, а тоа се парите и поради доказот дека возилото веднаш било запалено.


„Нѐ наведува помислата дека тие истите криминалци го направиле делото затоа што тој носеше пари со него, има настанато тепачка за да му ги земат парите на сила. Самоил беше добар спортист, има дигнато раце за да се одбрани и тие го имаат убиено и закопано. Доколку не го убиле, зошто го запалиле автомобилот во Драчево?“, изјавил Љупчо.

Инаку, исчезнатиот Самоил се занимавал со спорт, има сопруга и две деца, а според татко му бил народен човек, се дружел со сите и бил спортист на годината во јуниорска конкуренција во кик-бокс.