[ВИДЕО] МВР со детали за инцидентот во Арачиново: Кон градоначалникот пукано со автоматска пушка

Макфакс

01/04/2024

17:15

2.603

Големина на фонт

а а а

Попладнево, во скопската населба Арачиново, се случила престрелка, при што повредени се две лица.

„Во 13.25 ч. во СВР Скопје е пријавено дека на влез на с. Арачиново машко лице со автоматска пушка пукало кон градоначалникот на о. Арачиново Р.И., кој бил заедно со уште неколку лица. При тоа повредени се две лица, кои биле заедно со градоначалникот. Градоначалникот не е повреден, а не се точни ниту шпекулациите објавени во дел од порталите дека е повреден полициски службеник“, велат од СВР Скопје.

Директорот на скопската Клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“, Љубен Арсенков за МИА попладнево изјави дека кај нив е донесен пациент на 39-годишна возраст со прострелна рана.

– Се работи за машко лице, вон животна опасност сега, сместено е во Единица за интензивно лекување. Лицето беше донесено пред околу еден час. Има прострелна рана во пределот на десното рамо, појасни Арсенков за МИА.

Според нивните првични сознанија, пациентот бил повреден при престрелка во Арачиново.

Претходно, МИА информираше дека со огнено оружје денеска е пукано кон автомобилот на градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими, при што во возилото се наоѓале неговиот возач и вработен во општината.

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски за МИА потврди дека во престрелката е погоден возачот на градоначалникот, а пукано е и кон уште едно лице вработено во општината. Припадници на полицијата се на терен и вршат увид.



Спонзорирани линкови

Маркетинг