Заминување во историјата: „Volvo“ го произведе последниот дизел автомобил – познато е што сакаат во иднината

Точка

29/03/2024

16:48

7.936

Големина на фонт

а а а

„Volvo“ одлучи да стане целосно електрична марка на автомобили до крајот на актуелната деценија, па во склад со тоа повлекува и трансформациски потези.

Еден од најзначајните меѓу нив е и целосното укинување на производството на автомобили на дизелски погон, кој е најавен кон крајот на минатата година, а остварен овој вторник, на 26-ти март.

Од шведската компанија (иако во кинеска сопственост) објавија дека на 26-ти март во Торсланд е произведен последниот дизел автомобил на „Volvo“ во историјата.


Станува збор за „SUV“ моделот „XC90“, со кој е завршена дизел ерата за „Volvo“. Во 45 години производство на дизел возила, тие едно време сочинувале и половина од нивната продажбата. Тоа не било и многу одамна, од 2012-та до 2016-та година, но сега се некои други времиња, во кои електричните погони заземаат се позначајно место во асортиманот.

Последниот дизелски „XC90“ е направен со 2-литарски четирицилиндарски мотор, тип „VEA“ (Volvo Engine Architecture), кој е претставен уште во 2013-та година. Наместо крајниот купувач, овој примерок ќе заврши во музејот „World of Volvo“ во Гетеборг.


Споменатиот дизел мотор бил само втор од тој тип во историјата на „Volvo“, кој е развиен во нивните погони. Првиот бил нешто попознатиот 5-цилиндарски мотор, претставен во 2001-ва година, јавува „Autonet“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг