Синот за прв пат го видел својот татко без мустаќи, неговата реакција насмеа милиони

Точка

29/03/2024

14:48

4.013

Големина на фонт

а а а

На повеќето деца им е забавно кога нивните татковци носат брада или мустаќи, бидејќи тоа го доживуваат како нешто посебно на нивното лице. Освен тоа, можат да ги користат и за игра. Но, драмата настанува кога малите деца за прв пат ќе ги видат своите татковци без брада. Тоа го докажува и неодамнешното вирално видео кое го споделил таткото Сандер Торес.

Во видеото ги запознаваме него и неговиот тригодишен син. Имено, откако Сандер ги избричил мустаќите, го повикал синот за да ја види неговата реакција, која нè разочара. Детето стоело збунето, а потоа загрижено прашало: „Дали си ти сè уште мојот татко?“.

Иако Сандер го тешел дека сè уште е негов татко, на детето не му било воопшто лесно. И натаму било тажно што неговиот татко веќе нема мустаќи.

Видеото набрзо станало вирално, собирајќи 27.9 милиони прегледи и повеќе од 4.4 милиони лајкови, а реакцијата на 3-годишното дете насмеа многумина.


@therealprofessorx Poor guy 😂 #fyp #fypシ #dadsoftiktok #reaction #mustache #shaveitoff ♬ original sound - Xander Torres



Спонзорирани линкови

Маркетинг