[ФОТО] Хејли Бибер е заштитно лице на кампањата на „Victoria’s Secret“: Сепак, кампањата наиде на многу критики токму поради Хејли, а еве и зошто

Точка

29/03/2024

10:05

2.610

Големина на фонт

а а а

Хејли Бибер е заштитно лице на новата невестинска колекција на Victoria's Secret. Кампањата ја претставија непосредно пред сезоната на венчавки, но многумина го критикуваа изборот на моделот – односно Хејли.

Имено, на многумина не им е јасно зошто од толку манекенки во светот, за промоција на невестинската колекција ја избрале Хејли која е во брак.


„Збунета сум. Зошто за невестинска колекција избирате жена која е со години во брак?“, „Не би било подобро да одберете некоја што е сингл или свршена за модел, наместо личност чиј брак се распаѓа?“, „Сигурно се шегувате“, се дел од коментарите.


Хејли позираше во неколку различни комбинации. На една фотографија носи кратка сатенска тоалета на која пишува „Bride“, додека на друга носи долна облека од новата колекција.

Се шпекулира за проблеми во бракот

Хејли се омажи за Џастин Бибер во 2018 година, но во последно време се повеќе се шпекулира за проблеми во нивниот брак. Гласините дополнително ги подгреа нејзиниот татко Стивен Болдвин, кој на социјалните мрежи им порача на фановите „да се молат за Хејли и Џастин“.


Се огласи и Хејли. „Само за ваша информација, приказните што постојано ги гледам на ТикТок се 100% погрешни 100% од времето. Тие се составени од ништо, тие доаѓаат од земјата на заблудата. Знам дека можеби е забавно да се верува во овие приказни, но само за да знаете дека секогаш се лажни.“, напиша Хејли на Инстаграм.




Спонзорирани линкови

Маркетинг