Нов голем напад врз Украина: Русија повторно ги таргетираше хидроелектраните, Полска ја подигна својата авијација

Точка

29/03/2024

09:54

2.148

Големина на фонт

а а а

Русија со уште еден голем напад врз енергетската мрежа на Украина. Нападот се случил ноќта помеѓу четврток и петок.

Воздушна опасност била прогласена на целата територија на Украина, медиумите известуваат за експлозии во областите Дњепропетровск, Хмелницки, Лавов, Ивано-Франковск и Черкаси.

Украинскиот министер за енергетика Герман Галушченко во изјава кажа дека руските ракети и беспилотни летала повторно ги гаѓаа енергетските постројки.


„Мета на новиот напад врз нашиот енергетски сектор се станиците за производство на електрична енергија во областите Днепропетровск, Полтава и Черкаси. Работниците во електричните станици работат заедно со спасувачите да ги намалат на последиците од нападот“ – напиша Галушченко во својата објава на Фејсбук.



Нападот започна нешто по полноќ со напад со дронови

Околу 50 дронови влегоа во неколку бранови од север и југ и ги погодија хидроцентралите Среднепровска и Каневскаја и термоцентралите Криви Рог и Днепар. Воениот експерт Јуриј Подољака, додава дека на списокот на погодени објекти се трафостаниците и воените инсталации на Украина и дека бројот на погодени објекти ќе се зголемува во текот на денот.

После нападот со дронови, Русија лансираше крстачки ракети Х-101 од нивните стратешки бомбардери Тu-95МС и ракети „кинжали“ од МиГ-31К. Подољака наведува дека за време на нападот испалени биле и „искандер“ ракети.


„Нападите беа извршени во областа на хидроелектраната Кременчуг. Немаме информации дали имало напади врз хидроцентралите или термоелектраните во областа на самиот Киев. Чекаме да се појават информации за штетата. Но, се чини дека ударот е споредлив по сила со ударот на 22 март. Иако сега се погодени помалку значајни објекти ударот пак многу боли“ наведува Подољака.

Во потсетување, нападот на 22 март уништи 50 отсто од инфраструктурата на енергетската компанија ДТЕК, обновувањето се очекува дека ќе трае со години.


Украина објави дека Русија лансирала 26 проектили и 58 беспилотни летала во текот на ноќта и дека противвоздушната одбрана успеала повеќето да ги пресретне.

Поради нападот Полска ја подигна сопствената и сојузничката авијација, како одговор на засега непотврдени информации дека две руски ракети го нарушиле воздушниот простор на Молдавија.





Спонзорирани линкови

Маркетинг