[ВИДЕО] Луѓето за првпат слушале како зборува сопругата на Канје Вест и се во неверување: „Се оженил со суперпаметна жена, има поголемо IQ од него“ – Еве зошто сите ја фалат нејзината интелигенција

Точка

28/03/2024

17:50

4.308

Големина на фонт

а а а

Сопругата на Канје Вест досега ја имаме видено во безброј провокативни модни изданија, но таа за нив се нема ниту еднаш огласено – па видеото каде што говори ги изненади сите.

На „Instagram“ наеднаш без престан се коментираат деталите од нејзината биографија со кои многумина не се запознаени, или пак ги заборавиле бидејќи нејзиниот предизвикувачки стил „засенил“ сè останато.

На видеото кое осамнало на „Instagram“ пред неколку дена е прикажано претставувањето на Бјанка Ценсори на „CFS“ самитот во 2022 година. Во тоа време, таа не била ни приближно во очите на јавноста како што е сега. Притоа, изгледала сосема поинаку, на прв поглед била непрепознатлива.


„Јас сум дизајнерка од Мелбурн, Австралија. Моментално живеам во Лос Анџелес и сум главен дизајнер во Yeezy“, говорела Бјанка Ценсори, која работела за модниот бренд на нејзиниот сопруг.

Ги издвоила дизајнерските имиња со кои соработувала па порачала: „Мојата страст кон архитектурата лежи во создавањето, конципирањето на иднината на изградениот простор и истражувањето на врската помеѓу физичкото и метафизичкото.

Многумина ги изненадил нејзиниот акцент бидејќи заборавиле дека Бјанка по потекло е од Австралија, а нејзиното претставување го коментираат на следниот начин: „Луѓето не сфаќаат колку всушност таа е паметна“, „Никогаш не сум ја слушнала како зборува“, „Затоа ја сакам, таа има креативен ум исто како него“, „Заборавив дека е од Австралија“, „Таа е високообразована. Завршила архитектонски студии и мастер студии на Универзитетот во Мелбурн“, „Канје се оженил со суперпаметна жена“, „Таа е жена каква што заслужува (ова би можело да биде забелешка за неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан), „Мислам дека има поголем IQ од Канје“.


Во коментарите има и негативни реакции: „Тој ги експлоатира своите вработени“, „Сега таа е само марионета, тажно е да се гледа тоа“, „Таа само го чита текстот“.

Судејќи по коментарите, некои нејзиниот начин на облекување го поврзале со нејзината интелигенција – што секако нема смисла. Бројни пораки испраќа нејзиниот моден манир кој го одредува Вест, како што мислат многумина, но тоа нема врска со тоа колку е интелигентна или паметна или колку не е интелигентна.

Поедини велат дека порано изгледала како „нормална личност“, т.е. вообичаено. Тоа им се допаднало многу повеќе. Тие, исто така, би сакале Бјанка да истакне некоја друга страна од нејзината личност каква што виделе на видеото, а не само да биде „марионета“ во промовирањето на контроверзните модни идеи.


Но, на крајот од денот, можеби сè што гледаме и слушаме е Бјанка, колку тоа и да не им се допаѓа на многумина. Во меѓувреме, нејзиниот татко ѝ замерува на нејзиниот стил, а пријателите изјавиле дека таа повеќе не е ниту налик себе, односно дека е под контрола на Канје Вест, кој умешно го диктира нејзиниот имиџ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг