[ВИДЕО] Таткото реши да се „одмори“ на нозете на својата ќерка, нејзината реакција насмеа илјадници луѓе

Точка

28/03/2024

10:20

4.787

Големина на фонт

а а а

Корисниците на ТикТок ги насмеа видеото на Конор Лоџер како сподели смешен момент со својата ќерка. Лоџер решил да тестира што ќе направи малото девојче доколку ја потпре главата на нејзините нозе за да „одмори“, а тоа што се случило навистина не го очекувал.

Ваквите видеа се популарни на оваа платформа во последно време, а најчесто се многу слатки и децата пријатно ги изненадуваат своите родители со своето однесување. Меѓутоа, тоа не било случај со ова девојче кое воопшто не било среќно кога татко и легнал врз неа. Речиси веднаш откако Конор легнал, малото девојче почнало да вели „не, не, не“ и го оттурнувало.

Но, тоа што таа го направи на самиот крај, никој не го очекуваше, особено не Конор кој беше изненаден од однесувањето на неговата ќерка. Видеото е прегледано речиси 900.000 пати од неговото објавување, а многумина ги насмеа реакцијата на девојчето.




Спонзорирани линкови

Маркетинг