Социјалните мрежи повторно распламтени: Осамнало старо видео на Пи Диди како го повикува 15-годишниот Џастин Бибер да преспие кај него

Точка

27/03/2024

18:50

3.612

Големина на фонт

а а а

На Интернет се шири видео од 40-годишниот Диди кој говори како сака тогаш 15-годишниот Џастин Бибер да преспие кај него. Видеото повторно станало вирално откако била започната истрага против раперот обвинет за трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација.

Во видеото, Диди, роден како Шон Лав Комбс, стои до младата поп сензација и говори на камерата: „Тој има 48 часа со Диди. Нема да ви кажеме што ќе правиме, но тоа е дефинитивно сон на секое 15-годишно момче“. Бибер само се смешкал со ситни коментари како: „Да“ и „Тоа е лудо“.

Видеото сега се споделува на социјалните мрежи и загрижило многумина, опишувајќи го како морничаво.

„Интернетот не заборава“, „Како родителите на Бибер можеле да го остават сам со него? Имал само 15 години“, „Не е ни чудо што Џастин денес е во депресија“, се само дел од коментарите.

Поранешната партнерка Диди го обвинила за трговија со луѓе

Да потсетиме, агентите на американското Министерство за домашна безбедност отвориле истрага против хип-хоп ѕвездата Шон Комбс и го пребарале неговиот имот во Лос Анџелес и областа Мајами.

Истрагата ја водат федерални агенти од Њујорк, а тужбата ја поднела неговата поранешна девојка.

Пејачката Касандра Вентура го тужела Комбс пред федералниот суд на Менхетен во средината на ноември, обвинувајќи го дека ја подложил на физичко малтретирање, сексуално ропство и силување за време на 10-годишната професионална и романтична врска.


Вентура и Комбс следниот ден објавиле дека го решиле односот под доверливи услови. Неговите адвокати тогаш изјавиле дека спогодбата „во ниту еден случај не е признание на неделата и дека Комбс и понатаму „жестоко ги негирал“ тврдењата на Вентура.




Спонзорирани линкови

Маркетинг