Во ферплеј натпревар Макстил подобар од Пивара Скопје

Точка

27/03/2024

09:51

10.810

Големина на фонт

а а а

Еве ги резултатите од вчерашните натпревари во Бизнис Лигата на Македонија.

Во ферплеј натпревар Макстил подобар од Пивара Скопје

Макстил 3-1(2-0) Пивара Скопје

Макстил: Цветанчо Милошевски 4”, Бурхам Етемов 15” 33”,

Пивара Скопје: Делчо Кировски

Екипите на Макстил и Пивара Скопје во овој натпревар влегоа максимално мотивирано. Екипата на Пивара Скиопје натпреварот го започна во скратен состав, практично без помоиш од клупата. Макстил со притисок во предно поле и чести измени се обидуваше да наметне ритам како би можела да ја изненади екипата на Пивата Скопје. Ова им појде од рака во 4” кога преку Милошевски успеаа да поведат со 1-0. Екипата на Пивара Скопје со голман играч како што впрочем и го започна овој натпревар, се обидуваше да го изненади Макстил, но преку контра напад во 15” Етемов му донесе водство на Макстил од 2-0, резултат со кој се отиде на полувремето.

Во второто полувреме и двете екипи продолжија во ист ритам. Се до средината на полувремето се играше цврста одбрана и на двете страни. Екипите вешто го затвораа приодот кон противничкиот гол но вечерва расположениот Етемов успеа да ја изненади одбраната на Пивара Скопје и во 33” го зголеми водство од 3-0. Во самиот финиш од натпреварот Кировски кај Пивара Скопје со одличен гол го намали резултатот на 3-1, резултат со кој заврши овој натпревар.

ЕВН со одлично второ полувреме до победа над Корпа

ЕВН 7-1(2-1) Корпа

ЕВН: Никола Атанасов 2” 29”, Наум Бадаловски 15”, Дарко Стоилевски 23”, Бојан Тодоровски 32”, Бојан Симоновски 37”, Филип Огненовски 40”

Корпа: Никола Спасевски 20”

Крајно израмнтео прво полувреме одиграа екипите на ЕВ и Корпа. И на двете страни беше ставен целосен акцент ана играта во одбраната. Во раната фаза од натпреварот 2” Атанасов му донесе предност на ЕВН од 1-0. Екипата на Корпа со притисок во предно поле се обидуваше да го израмни резултатот, но Бадаловски преку контра напад успеа да постигне гол за 2-0. Во самиот финип од полувремето Спасевски кај Корпа намали на 2-1. Резултат со кој се отиде на полувремето.

На самиот старт од второто полувреме, уште во раната фаза ЕВН успеа резултатски да се одвои. Екипата на Корпа со голман Играч се обиде да ја анулира предноста што ја стекна ЕВН, но потпирајќи се на своето искуство екипата на ЕВН не дозволи такво нешто па го доби овој натпревар со 7-1.

Макпетрол со одличен поставен напад до победа над Bestwey Solutions

Макпетрол 10-3(5-1) Bestway Solution

Макпетрол: Никола Секулоски 1” 21” 38”, Ибраим Исмаили 17” 18”, Мишо Ѓоргиовски 6” 30”, Баже Тодоровски 9”, Наум Таулоски 25”, Чеде Сарџовски 28”

Bestway Solution: Марко Неделковски 30”, Петар Стефановски 36”, Филип Зоксимовски 16”

Уште на самиот старт екипите на Макпетрол и Bestway Solutions влегоа максимално мотивирано со целосен акцент на играта во нападот. На самиот почеток, буквално во првата минута, Макпетрол преку Секуловски успеа да дојде до водство од 1-0. За кратк овреме му се приклучија и Ѓоргиовски 6” и Тодоровски 9”. Bestway Solutions имаше пад на концентрацијата во делот на одбраната, па Макпетрол преку Исмаили 17 и 18 дојде до поголем резултат. Bestway Solutions преку Зоксимовски во 16” успеа да намали на 5-1, резултат со кој се отиде на полувремето.

Во второто полувреме екипата на Макпетрол продолжи со офанзивна игра и од минута во минута успеваше да стекнува резултатска предност. Bestway Solutions немаше сили за пресврт па на крајот Макпетрол славеше со високи 10-3.




Спонзорирани линкови

Маркетинг