[ВИДЕО] Недолично однесување на Кристијано Роналдо во Љубљана по катастрофалниот пораз, изгуби контрола: Уловен како се заканува на судијата

Точка

27/03/2024

09:11

3.163

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо навистина не знае како да губи …

Репрезентацијата на Португалија доживеа неочекуван пораз на пријателскиот натпревар со Словенија на гости во Љубљана.

Словенците направија сензација и ја совладаа Португалија со 2:0 покажувајќи ја нивната амбиција на патот кон Европското првенство во Германија.


Најдобриот фудбалер на Португалија, Кристијано Роналдо беше целосно немоќен на арената Стожице.

Неколку пати во текот на мечот влезе во конфликт со босанскиот судија Ирфан Пељтом поради судиските одлуки за кои тој сметаше дека се неправедни.


По последниот свиреж на судијата, еден од најдобрите фудбалери во светот е уловен како му се заканува на четвртиот судија Дејан Балажиќ од Словенија.

Камерата го фати Кристијано исфрустриран од срамниот пораз на неговата репрезентација. Тој не можеше да го исконтролира својот бес и додека го напушташе теренот се гледа на снимката како вика и посочува со раката кон четвртиот судија.





Спонзорирани линкови

Маркетинг