Од божица правеше домаќинка, па за кратко време ја замени со „нејзина копија“: 30 години помладата партнерка дупло му враќа за сите солзи на нејзината претходничка

Точка

23/03/2024

17:10

13.489

Големина на фонт

а а а

Нара Баптиста, новата девојка на Венсан Касел, успеала да направи хаос на социјалните мрежи со своите нови фотографии и видеа.

Младата манекенка била на забава, од каде споделила жешки кадри, а судејќи по нејзината насмевка, повеќе од очигледно е дека добро се забавувала.

Очекувано, под нејзините објави се огласил и Венсан, со зборовите: „Навистина сакам да те гледам ваква“ и „Шик и секси“, а луѓето не останале имуни на неговите реакции.

„Таа се забавува, но не и ти“, „Те предадоа старите коски“, „Историјата се повторува, вака беше и со Тина“, „Внимавај Нара, ова истото го правеше со Тина“, „Зошто ова момче се фотографира со тебе? Тој не е твој“, „Стариот предатор најде нова жртва“, биле дел од коментарите.

Многумина се повикале на тоа дека такви слични реченици Венсан ѝ пишувал и на својата поранешна партнерка од која се раздели пред неколку месеци, па тие прогнозираат дека и 30 години помалдата Нара ќе има иста судбина.

Се чини дека младата манекенка се труди да ги отстрани сите објави кои можат да поттикнат коментари на сметка на разликата во годините со нејзиниот партнер.

Луѓето често коментираат дека „Нара изгледа несреќно како и Тина пред крајот на врската со Касел“.

Луѓето пишувале и дека актерот очајнички се труди да биде модерен, да изгледа помладо, но на крај „изгледа смешно“.

Да ве потсетиме, актерот влезе во врска со младата манекенка само неколку месеци откако се разведе од Кунаки. Се шпекулираше дека проблемот било неверство, баш како и во бракот со Моника Белучи, а потоа се дозна дека најголемиот проблем било тоа што тој од Кунаки сакал да направи домаќинка, па затоа за толку кратко време добиле и дете.

Меѓутоа, желна за забави, Кунаки која имала само 18 години кога го запознала Венсан, почнала да излегува со своите пријатели и да се забавува.

Актерот не сакал да го трпи тоа, па на крај го прекинал својот однос со поранешната партнерка.

Често се коментира дека Нара е копија на Кунаки, а сличноста меѓу нив е навистина голема. Сега се чини и дека историјата се повторува, па останува само да видиме дали Венсан и со Баптиста ќе помине како и со поранешната сопруга или нивната приказна сепак ќе има среќен крај.




Спонзорирани линкови

Маркетинг