[ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО] Продолжува суровоста во Македонија: Куче фрлено од седми кат - Анима Мунди со остра реакција

Точка

23/03/2024

13:41

8.352

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи се шири вознемирувачко видео на кое се гледа како куче паѓа од балкон на зграда, од голема висина.

- Педесет и осумгодишниот тетовец Ѓ.З. вчера (22 март) во 18 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 17 часот од балкон на зграда во изградба на улица “Благоја Тоска” во Тетово, спроти зградата во која тој живеел, од седмиот кат паднало куче и набргу потоа yгинало. Кучето, според пријавеното, во објектот се обидувале да го заловат двајца тетовски пожарникари. Се расчистува и документира случајот, велат од МВР.

Бездомно куче е фрлено од зграда во Тетово, од седми кат, објави Анима Мунди. Грозоморниот чин се случил сред бел ден, пред очи на граѓани. Чинот бил и сниман.

„Безумие и суровост која не знае за граница – во Тетово, бездомно куче фрлено од седми кат од зграда! Среде бел ден, на очи на граѓани, комшии и минувачи кои масовно ни пријавуваат и се во шок; во зграда во изградба во која залутало несреќно бездомно куче, по изјави на сведоците во коментари на видеото – инвеститорот со помош на пожарникари, со стап и покрај сето плачење на бездомното животно, го присилиле да скокне од 7-ми кат, зошто немало како и каде да избега. Видете го кучето, слушнете го плачењето негово на ова видео – умира во страотни маки по 20 минути агонија на крвавиот асфалт. Граѓани кои вртеле и пријавувале во полиција, на бројот 112, се потсмевани и им е спуштена слушалка“, реагираат Анима Мунди.

Тие апелираат да се пронајдат службениците кои го примиле повикот на 112 како и полицајците кои го игнорирале случајот.

„До кога ќе се преправаме дека ништо не се случува, до кога ќе се казнуваат граѓани и за фрлен опушок, а насилници и деликвенти се оставаат на мира да сакатат, мачат, убиваат што ќе им дојде на памет? Полиција за животни под итно и затворски казни за мачење и убивање на животните. За оние на кои животните не им важни потребно е да знаат дека насилството врз животните е само вовед , преодна фаза и секако кулминира во насилство врз секоја друга индивидуа, вклучително и човек!“



Спонзорирани линкови

Маркетинг