[ВИДЕО] Седум ученици загинаа, а 99 лица се повредени во експлозија кај училиште во Авганистан

Макфакс

28/11/2026

15:40

123

Големина на фонт

а а а

Во североисточен Авганистан се случи силна експлозија во близина на училиште во покраината Кунар. Во несреќата загинаа седум ученици, а голем број лица беа повредени. Властите отворија истрага за причините и околностите на настанот.

Седум ученици загинаа, а до 99 лица се повредени во силна експлозија во близина на училиште во покраината Кунар, во североисточен Авганистан.

Експлозијата се случила во предградие на Асадбад, главниот град на покраината која граничи со Пакистан. Според првичните наоди, можно е несреќата да била предизвикана од невнимание при складирање експлозивни средства што им припаѓале на рударски компании.

Во експлозијата бил оштетен училишниот објект, а дел од зградата се урнал. Локалните власти информираат дека до 15 повредени лица биле задржани на болничко лекување, додека останатите биле пуштени по укажаната медицинска помош.

Авганистанските власти отворија истрага за утврдување на причините и околностите на експлозијата. Дополнителни информации најавија по завршувањето на истрагата.