Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје - Блаце: Скопјанка го загуби животот, пет лица инто транспортирани в болница

Макфакс

21/03/2024

15:32

3.533

Големина на фонт

а а а

Скопјанка почина во сообраќајка на магистралниот пат Скопје – Граничен премин Блаце, а има други повредени лица меѓу кои и малолетници.

Вчеравечер во 21.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на магистралниот пат Скопје – Граничен премин Блаце се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Л.(40) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.В.(52) од с.Сарај, скопско.

- Од здобиените повреди на местото починала М.Л., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобиле возачот Р.В. и неговата сопатничка А.И.(25), а со телесни повреди се здобиле сопатничката З.В.(47) и двајца малолетни сопатници, сите од возилото „фолксваген голф“, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.