Видео кое покажува како Јапонците одат на работа фасцинира: На некои им е морничаво, други се воодушевени

Точка

21/03/2024

14:02

4.861

Големина на фонт

а а а

Во последните неколку дена на социјалните мрежи кружи видео од Јапонија на кое се гледа толпа луѓе кои наутро одат на работа, а многумина се фасцинирани од дисциплината и тишината кои владеат во таа прилика.

Имено, на видеото може да се забележи значителен број луѓе како ја напуштаат железничката станица, а притоа не се слуша апсолутно ништо освен чекорите на минувачите.

Луѓето не разговараат меѓу себе, не користат мобилни телефони, но сепак неколку од нив може да се забележат со слушалки на ушите.

Бидејќи многумина се фасцинирани од јапонската култура, овојпат следеле коментари и од оние кои се воодушевени од ваквата дисциплина. Луѓето во главно седат или стојат во тишина додека се во јавен превоз, бидејќи прегласното зборување и вознемирувањето на другите патници се смета за непристојно. Ова вклучува разговор по телефон или водење гласни разговори.

Сепак, имало и такви кои ваквото однесување, како и самото видео, го сметаат за прилично морничаво.

„Како роботи“, „Станав депресивен само гледајќи го видеото“, „Ова не е живот“, гласат дел од коментарите.

Уште една работа која многумина ја забележале на видеото е еден вид униформираност кај минувачите бидејќи повеќето се облечени во нијанси на сива, црна и темносина боја.



Спонзорирани линкови

Маркетинг