Во оваа држава автомобилите смеат да бидат само во една боја

Точка

20/03/2024

18:50

8.071

Големина на фонт

а а а

Во Туркменистан автомобилите може да бидат само во една боја – бела. Возилата со поинаква боја се отстрануваат во патиштата. Уште во 2015-та година „BBC“ јави дека граѓаните на таа држава можат да купат само бел автомобил (наводно можни се и светли нијанси на сива).

Дополнително е објавена нова информација во која се предупредува дека властите ги отстрануваат сите автомобили од улиците кои не се бели.


Оваа владина одлука натерала многу возачи да побараат купувач за своите половни црни, црвени, сини автомобили во други земји во близина на Туркменистан, со оглед на тоа дека не можеле да си ги дозволат трошоците за ново фарбање на возилата. Освен тоа, соочени со лавина од возачи кои сакале да ја променат бојата на каросеријата, цените во работилниците пораснале.


Зошто бели автомобили? Владата не дала никакво образложение во прилог на оваа одлука. Некои медиуми, меѓутоа, наведуваат дека претседателот на државата Гурбангули Бердимухамедов, кој сè уште е на власт, е суеверен и верува дека белата боја носи среќа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг