Научниците открија: Таблета коja ќе го замени вежбањето?

Точка

19/03/2024

12:29

14.511

Големина на фонт

а а а

Научниците креираа нов вид на соединенија кои ја имаат можноста да имитираат физички вежби и во иднина да се користат како форма на додатоци во исхраната. Соединенијата би можеле да ги заменат некои аспекти од физичката активност, а експертите се надеваат дека ќе го подобри метаболизмот и мускулната функција.

„Не можеме да го замениме вежбањето. Вежбањето е важно на сите нивоа. Но, во многу случаи, потребна е замена“, вели медицинскиот хемичар Бахаа Елгенди од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Вашингтон, како што пренесува BBC Science Focus.


За луѓе кои не можат да вежбаат

Елгенди и неговите колеги ги претставија своите наоди на пролетниот состанок на Американското хемиско друштво (ACS). Научниците се надеваат дека ова „апче за вежбање“ би можело да помогне во лекувањето на разни заболувања. Како што се срцеви заболувања, невро-дегенеративни болести (како што е деменција) и мускулната атрофија.

Првенствено апчето би било наменето на луѓе кој не можат да вежбаат, како што се старите лица или пациенти чии мускули ослабеле од болести. Пилулата може да го спречи и губењето на мускулна маса предизвикано од лекови за губење на тежината.


Потребно е дополнително тестирање

Повеќе од 10 години е работено на ова соединение кое активира специјализирани протеини, рецептори поврзани со естроген. Овие протеини го регулираат ефектот на вежбањето врз мускулите. При тестирање на глувци, тие откриле дека соединението го зголемувало типот на мускулни влакна кои се отпорни на замор, по што глодарите имале поголема издржливост при трчање.

Ќе биде потребно извесно време за оваа „волшебна пилула“ да стигне на пазарот. Досега е тестиран само на ќелии од глушец. Следниот чекор е тестирање на други животни, па дури потоа клиничко истражување, односно тестирање на луѓе.




Спонзорирани линкови

Маркетинг