[ФОТО] Најкратката улица на светот: Долга е само два метри, а на неа е изграден и хотел

Точка

18/03/2024

18:22

13.680

Големина на фонт

а а а

Сместен во идиличната северна Шкотска, живописниот приморски град Вик има богата историја како поранешно викиншко село, коешто гордо ја носело титулата на едно од најфреквентните пристаништа во Европа во текот на 19. век.

Градот бил познат и по текстилната индустрија, а порано имал и сопствена фабрика за волна. Но, покрај тоа, тој денес мирно спие, а светската јавноста поблиску го запозна во 2006 година, кога Гинисовата книга на рекорди официјално ја призна „Ебенезер плејс“ (Ebenezer Place) како најкратка улица во светот.


Улицата е долга само 2,06 метри и на просечен возрасен човек му требаат само три чекори да ја помине. Се наоѓа во шкотскиот град Вик и на неа се наоѓа хотелот „Меккејс“ (Hotel Mackays).


Имотот бил изграден во 1883 година од Александар Синклер, по неговото враќање од САД во Шкотска. Се вели дека Градскиот совет му наложил на инвеститорот да го именува новозаградениот дел од улицата „Јунион“ – како посебна улица. Тогашниот закон налагал така, па „Ебенезер плејс“ во 1887 година официјално е прогласена за улица.

Сопственичката на хотелот, Ели Ламонт, која со својот сопруг Мареј денес го води хотелот, вели дека гостите, меѓу другото, се посебно воодушевени од светскиот рекорд.


Секоја година, градот Вик е домаќин на „Гала-неделата на Вик“ – седмица исполнета со концерти, изложби, спортски настани и народни фестивали. Ова место, исто така, е домаќин и на најсеверниот мотоциклистички настан во Велика Британија – „Нордкап ендјуро“, којшто привлекува возачи од целиот свет. Малото гратче се користи и за снимање филмови и ТВ-серии, вклучувајќи ја и глобално познатата серија „Круна“ на Нетфликс.




На второ место е улицата „Елгин“ во Бејкуп, западна Англија, според Гинисовата книга на рекорди. Таа улица е долга 5,2 метри.




Спонзорирани линкови

Маркетинг