Робињо во среда би можел да заврши во затвор: Се ќе беше поинаку да бев белец

Точка

18/03/2024

15:50

2.022

Големина на фонт

а а а

40-годишниот Робињо во Италија е осуден на девет години затвор за групно силување на девојка која славела 23-ти роденден во милански ноќен клуб во 2013-та година. Тогаш бил напаѓач на Милан и на бразилската репрезентација. Бразилскиот суд на поранешниот фудбалер му забранил да го напушти Бразил додека не се одлучи дали деветгодишната казна за силување, која ја изрекол италијанскиот суд, може да ја отслужи во својата татковина.

Трофејниот напаѓач кој постигнуваше голови за Сантос, Реал Мадрид и Манчестер Сити пред да се пресели во Милан, тврди дека е невин и дека целиот процес ќе изгледал поинаку ако била поинаква бојата на неговата кожа. Одлуката дали ќе мора да оди во затвор ќе биде донесена во среда.

„Во Италија сум неправедно обвинет за нешто што не го направив и имам сè што е потребно тоа и да го докажам. Четири години играв во Италија и се уморив од расизмот. Воопшто не се сомневам дека процесот против мене ќе беше поинаков ако бев белец“, рекол тој.


Објавена снимка

Бразилскиот портал „UOL“ минатата година објави аудиоснимки од 2014-та година на кои Робињо со пријателите разговара за силувањето на девојката. „Ќе ја удриме по лице. Ти ќе ја удриш и ќе кажеш: „Што ти направив““, рекол Робињо, што може да се слушне на снимката. Бразилецот тврдел дека не учествувал во силувањето.

Робињо на снимката вели дека го напуштил ноќниот клуб откако имал полов однос со девојката, додека неговите пријатели останале со неа. Бил загрижен што ќе му се случи ако случајот излезе во јавност.


Робињо се жалел на повеќе судови, но италијанскиот Врховен суд ја потврдил деветгодишната казна, по што италијанските обвинители издале меѓународен налог за апсење. Но, Бразил не ги екстрадира своите државјани, па Италија побарала Робињо да служи казна затвор во татковината.




Спонзорирани линкови

Маркетинг