По совет од дерматолог: Ослободете се од целулитот на најлесен начин и без груби третмани

Точка

18/03/2024

13:17

4.144

Големина на фонт

а а а

Целулитот е честа појава кај жените, се појавува на одредени делови од телото како што се рацете, бутовите или задникот.

Според дерматолозите целулитот не е нешто што лесно може да се реши. Голем број од луѓето избираат да се подложат на третмани како радио фреквенција на биолит или ботокс. Но има и некои лекови кои можат да го намалат како изгледа целулитот.


Дерматологот Папри Саркар рече дека човековото тело ги задржува мастите во форма на „влакнести ленти“ и целулитот се појавува кога тие ленти се распаѓаат и создаваат длабнатина во кожата. Не постои сигурен начин да се ослободите од нив, но постојат решенија за да ги намалите.

Јадете здраво

Еден од најуспешните начини да се ослободите од целулитот е намалување на телесните масти. Ова може да се постигне преку здрава исхрана и редовно вежбање. Со помалку маснотии и повеќе мускули, помали се шансите да имате целулит.


Користете ретинол

Ретиноидните креми докажано ја измазнуваат кожата и го зголемуваат колагенот во кожата. Саркар напомнува дека иако кремите можат да помогнат, потребни се барем неколку месеци за да делуваат.

Користете хидратни производи кој содржат кофеин

Кофеинот е корисна состојка во вашите продукти за грижа на кожата. Производите кои содржат кофеин може да помогнат во затегнување на кожата и привремено да го подобрат изгледот на целулитот. Кофеинот исто така може да го зголеми протокот на крв и да ги рехидрира клетките, помагајќи со флеките на кожата.


Самопотемнување

Саркар рече дека една од причините зошто го забележуваме целулитот е затоа што светлината се рефлектира од него. Значи, ако областа е потемна, помала е веројатноста да го видите. Затоа употребата на самопотемнувач помогнува со тоа што пополнува дупчињата од целулитот што ги прави помалку забележливи. Како додатен бонус ќе изгледате како да сте се вратиле од вашиот летен одмор.






Спонзорирани линкови

Маркетинг