[ВИДЕО] Вкусен ролат со компири и пилешко: Кога сакате да подготвите малку поинаков ручек, подгответе го ова

Точка

14/03/2024

15:34

8.220

Големина на фонт

а а а

Ролатот од компири со фил од пилешко месо е превкусен ручек, а откако еднаш ќе го пробате, постојано ќе го подготвувате.

Потребни состојки:

- 650-700 гр. компири
- 3 јајца
- зачини по ваш вкус: сол, бибер, сув зачин, црвен пипер
- 1 врзоп магдонос
- 3 лажици брашно

За фил:

- 5 до 6 парчиња млад кромид
- 400-500 гр. пилешко месо
- зачини по ваш вкус
- 100 гр. рендан кашкавал

Начин на подготовка:

Изрендајте ги компирите, исцедете ги, а потоа помешајте ги со јајцата и зачините. Додајте го сечканиот магдонос и брашното, добро измешајте, па префрлете ја смесата во тава за печење и печете на 180 степени околу 20 минути.

За филот, испржете го младиот кромид на масло, а потоа додајте го сечканото пилешко, зачините и кашкавалот. Откако ќе се испече, исечете ја кората на 4 или 6 делови и на секое парче ставете по малку од филот.

Завиткајте ги парчињата во ролат, а врз нив ставете рендан кашкавал, оригано и малку кечап. Вратете ја тавата во загреана рерна уште 15 минути на 200 степени, да се запече.