[ВИДЕО] Ја загуби битката по седум децении: Почина Пол Александар, човекот кој поради тешка болест помина повеќе од 70 години во челична кутија

Точка

13/03/2024

17:01

7.553

Големина на фонт

а а а

Пол Александар, познат како „човекот со челични бели дробови“ почина на 11 март 2024 година на 78-годишна возраст.

Пол Александар (78) од Тексас заболел од полио на шест години додека си играл со своите врсници. Болеста го парализирала од вратот надолу, поради што не можел сам да дише, па поголемиот дел од животот го поминал во метална „кутија“ која го прави тоа за него. И покрај тоа, тој постигна многу и стана инспирација за сите. Тој почина на 11 март 2024 година, според неговата страница за донации.

Целиот живот го помина во металната „кутија“

Машината наречена „железни бели дробови“ од раните 1900-ти беше единствениот начин да му го спаси животот на Пол, тогаш тој како момче мораше брзо да се навикне на необичните околности. Оттогаш, тој можеше да гледа само во огледалото над неговиот главата.


Неважно дали можете да се движите или не. Неважно дали можете да дишете или не. Јас само го живеам животот – рекол во едно од интервјуата.

Тој беше инспирација за луѓето ширум светот

Машината го одржуваше во живот седум децении, но за жал на неговата страница GoFundMe во вторникот беше откриено дека тој починал во понеделник, на 11 март.

„Пол Александар, „Човекот со челичните бели дробови“, почина вчера. Откако преживеа детска парализа како дете, тој живееше повеќе од 70 години во „железните бели дробови“. За тоа време, Пол отиде на колеџ, стана адвокат и автор. Неговата приказна патуваше далеку и нашироко, позитивно влијаејќи на луѓето низ целиот свет. Пол беше неверојатен модел кој ќе остане запаметен. Пол, ќе ни недостигаш, но ние ќе те паметиме. Ти благодариме што ја сподели твојата приказна со нас“, се вели во објавата.


По тој повод зборуваше и неговиот брат Филип.

„Многу сум им благодарен на сите што донираа за собирање средства за брат ми. Тоа му овозможи да ги живее последните неколку години без стрес. Исто така, ќе го покрие неговиот погреб. Апсолутно е неверојатно да се прочитаат сите коментари и да се знае дека толку многу луѓе се инспирирани од Пол. Многу сум благодарен“, напиша тој.

Натамошното собирање на средства во негово име е суспендирано од организаторите на петицијата, пишува „Мирор“.