[ФОТО] Најпосетуваното место во светот: Трговски центар низ кој поминале 105 милиони луѓе

Точка

13/03/2024

16:16

15.834

Големина на фонт

а а а

105 милиони посетители е новиот рекорд за оваа популарната туристичка дестинација во Дубаи која е изградена во 2008 година и се простира на неверојатни 1.200.000 метри квадратни до највисоката зграда во светот.

Најпосетуваното место во светот е Дубаи Мол во Обединетите Арапски Емирати, според тврдењето на сопствениците на гигантскиот трговски центар.

Ова тврдење е поткрепено од емиратската мултинационална агенција за развој на недвижнини Емаар која објави дека дури 105 милиони луѓе поминале низ Дубаи Мол. Ова е зголемување за 19 проценти од 2022 година, кога низ центарот поминале 88 милиони луѓе.

„Нашиот трговски центар го отсликува живиот дух на градот и посветената визија на раководството за совршеноста да стане реалност“ изјави основачот на Емаар, Мохамед Алабар при претставувањето на деловните резултати.


Веднаш до највисоката зграда во светот

Вртоглава милионска бројка на посетители е новиот рекорд за оваа популарната туристичка дестинација во Дубаи која е изградена во 2008 година и се простира на неверојатни 1.200.000 метри квадратни до највисоката зграда во светот Бурџ Калифа, која е сместена во делот на градот попознат како „Downtown Dubai“.

Дубаи Мол вклучува околу 1.200 продавници на популарни брендови на облека, чевли, накит, часовници, електроника и слично каде што можете да купувате со часови. Кога ќе имате потреба од одмор, можете да изберете еден од 200 ресторани, кафулиња и други места за одмор.

Еден од најинтересните избори што се нудат е „Rainforest Cafe“, кој симулира на џунгла во урбана средина со светлосни ефекти.

Дубаи Аквариум

Да дојдеш во Дубаи Мол и да не го видиш нивниот монументален аквариум и подводна зоолошка градина би било штета. Аквариумот во Дубаи е исполнет со 10 милиони литри вода и е дом на 33.000 животни – од кои дури 300 ајкули и ражи. Цена на еднодневен билет за возрасни? Околу 50 евра.


Освен локалните посетители во Дубаи Мол ќе го најдете целиот свет – особено од Европа, Кина и Индија. Во првите 2 месеци од 2024 го имаат посетено околу 20 милиони луѓе и ако продолжи со ист замав Емаар сугерира дека трендот на рекордна посетеност ќе продолжи понатаму.



Спонзорирани линкови

Маркетинг