Сите знаеме дека со помош на автофагија можеме да ослабнеме, но еве како таа влијае на мозокот – докторите истакнаа 2 важни работи

Точка

13/03/2024

09:40

6.668

Големина на фонт

а а а

Автофагијата станала многу популарен начин на исхрана, а малкумина всушност знаат какво влијание таа има врз нашиот мозок.

Автофагијата е еден од најпопуларните режими на исхрана. Многумина не ја практикуваат само поради губењето килограми, туку ја третираат како начин на живот.

Новите истражувања се занимавале со влијанието кое таа го има врз мозокот и неговата функција.

Каков процес иницира автофагијата во нашето тело?

Временски ограничените периоди на внесување намирници, односно конкретните периоди без храна, познати се како автофагија.

Временската рамка во која не се внесува храна научниците ја опишале како процес на чистење на сѐ што е токсично во нашиот организам, пренесува „Еклиника“.


Така дошле до заклучок дека истиот процес се одвива и во нашиот мозок. Практично, како што велат научниците, овој процес на „самочистење“ помага во детоксикација на мозокот, исфрлање на старите и оштетени клетки и нивните остатоци. Но, исто така помага и во регенерирањето на новите, здрави клетки.

Мноштво истражувања покажале дека проблемите со таложењето на оштетените клетки се поврзани со Алцхајмер, депресија, биполарно нарушување, шизофренија и други невролошки проблеми.

1. Подобрување на помнењето

Се докажало дека временското ограничување за внесот на храна значително го подобрува помнењето, според студија објавена во „Journal of the Academy of Nutrition and Dietetics“. Се докажало дека после четири седмици ваков режим на исхрана значително се подобрува меморијата, учењето и помнењето.


2. Подобро расположение

Истражување во магазинот „Journal of Nutrition Health & Aging“ открило дека после три месеци повремено воздржување од храна во одредени периоди, учесниците во студијата пријавиле подобрено расположение со намалена напнатост, без конфузија.

Друга студија од 2018 година која ги истражувала стратегиите на губењето тежина открила дека автофагијата е поврзана со значително подобрување на емоционалната благосостојба и помал ризик од депресија.