„За оценките ќе се жалите кај „ChatGPT"“: Се подготвува софтвер кој ќе ги замени наставниците во оваа работа

Точка

12/03/2024

18:14

6.195

Големина на фонт

а а а

Новиот софтвер им овозможува на наставниците да користат вештачка интелигенција за да ги оценат тестовите.

Не е тајна дека многу ученици и студенти користат „ChatGPT“ за пишување на состави и вршење на други задачи.

Меѓутоа, сега сè повеќе помош од вештачката интелигенција бараат и наставниците и професорите, за да ги оценуваат тестовите на учениците и студентите.


Новиот софтвер, со име „Writable“ им овозможува на наставниците да користат вештачка интелигенција за да оценуваат тестови, а компанијата за овој софтвер вели дека на наставниците им го заштедува времето на дневно ниво и им дава повратни информации.

Алатката работи така што наставниците ги внесуваат одговорите на учениците во софтверот, а потоа ги обработува „ChatGPT“ кој нуди и коментар со забелешки. Овие информации потоа би требало да ги проверат и наставниците.


Секако, ваквиот систем посебно ги погодува западните просветни системи, како што е тој во САД каде постои опсесија во стандардизацијата во тестирањето.

Се сугерира дека користењето на „AI“ алатки дополнително ќе ги дистанцира учениците од наставниците и дека со време оваа ситуација само ќе се влошува.