Петровска: Исплатите на вработените што произлегуваат од колективниот договор ќе бидат направени по изборите

Макфакс

05/03/2024

15:20

1.863

Големина на фонт

а а а

На новинарско прашање поврзано со новиот Закон за вработените во одбраната, кој беше неодамна донесен во Собранието, министерката за одбрана Славјанка Петровска истакна дека тоа е еден од големите проекти што се реализираат во одбраната, зашто, како што рече, не може да има силна Армија ако луѓето, кои се клучниот сегмент, не бидат соодветно задоволни и не бидат мотивирани и понатаму да продолжат да ги извршуваат своите задачи.

„Јас се гордеам на припадниците на македонската Армија и на вработените во Министерството за одбрана, кои многу тешки процеси во изминатите 32 години независност ги износеа на свој грб и многу трпеливо го чекаа овој момент на усвојување на новиот закон за вработени. Новиот закон лично јас не го гледам само како придобивка во делот на платите, многу повеќе го гледам како придобивка во олеснување на процесот и на вработување, меѓутоа и во процесот на унапредување на кадрите, особено акцентирајќи ги оние критични специјалности“, рече министерката.

Во однос на примената на одредбите на овој закон, министерката порача дека беа направени консултации со Државата комисија за спречување на корупцијата и дека исплатите ќе бидат направени по завршувањето на изборниот процес, но и дека сите права што произлегуваат од законот и од новиот колективен договор се стекнато право за вработените во одбраната.



Спонзорирани линкови

Маркетинг