Тенк прегази двајца војници во Полска: Едниот загина, другиот во критична состојба

Макфакс

05/03/2024

14:10

790

Големина на фонт

а а а

Еден полски војник загина, а друг беше тешко повреден кога борбено возило ги прегази на воен полигон во северозападна Полска.

Несреќата се случила во центарот за обука на копнените сили во Дравското Море, изјави мајорот Томаш Зигмунт од воената полиција, пренесува АП.

Тој изјави дека повредениот војник е префрлен во болница во критична состојба.

Официјални лица рекоа дека несреќата не е поврзана со вежбите на НАТО што се одржуваат во Полска.



Спонзорирани линкови

Маркетинг