[ФОТО] Кејт Мидлтон првпат се појави во јавноста после операцијата: Повеќе нема место за шпекулации, сега е јасно во каква состојба е

Точка

05/03/2024

14:53

6.942

Големина на фонт

а а а

Принцезата Кејт Мидлтон првпат се појавила во јавноста откако беше оперирана пред околу еден месец, после што се повлече во својата куќа во која закрепнувала.

На фотографиите кои ги објави „TMZ“, Мидлтон може да се види како носи очила за сонце додека се вози на предното седиште од црниот теренец со којшто управува нејзината мајка Керол Мидлтон, во близина на замокот Виндзор во Велика Британија.

Ова израдувало многу од луѓето кои ја сакаат Кејт поради тоа што во медиумите можеа да се прочитаат бројни шпекулации за нејзината здравствена состојба.

Кејт носела големи очила за сонце, но се чини дека на неа била забележлива насмевката.

Луѓето се запрашале каде е принцезата и дали навистина сѐ поминало, онака како што соопшти палатата. Сега на сите им е јасно дека Кејт е добро и дека не е вистина дека се наоѓа во кома, како што пишуваа дел од странските медиуми.

Да ве потсетиме, принцезата од Велс била примена во Лондонската клиника на 16 јануари заради абдоменална операција.

Последен пат во јавноста била забележана на 25 декември кога присуствувала на божиќната утринска служба со својот сопруг, принцот Вилијам и нивните три деца.

Палатата потоа изјави дека Кејт го цени тоа што јавноста се интересира за неа, но додала: „Таа се надева дека јавноста ќе ја разбере нејзината желба нејзините лични медицински информации да останат приватни“.

Минатата седмица од палатата соопштија дека принцезата закрепнува, а со овие фотографии тоа е и потврдено.




Спонзорирани линкови

Маркетинг