[ФОТО] Познатата манекенка по 14 години прошета на модната писта и ги воодушеви присутните

Точка

05/03/2024

13:45

4.769

Големина на фонт

а а а

Австралискиот модел Ел Мeкферсон (59) прошета по пистата на модниот фестивал во Мелбурн „PayPal“ во понеделникот и ја воодушеви публиката.

Тоа беше нејзино прво појавување на писта по речиси 14 години. Насмеана, таа претстави неколку модни комбинации. Прво прошета во кафени нијанси, а на себе носеше два џемпери од кои едниот и беше заврзан на вратот. На оваа комбинација доминираше кафеното палто.


Таа потоа се појави во палто и панталони во иста нијанса, а на крајот прошета во црн фустан со карнери.


„Благодарна сум што се враќам дома, не затоа што нужно ме гледаат како икона, туку сум благодарна за моето австралиско наследство. Имав толку неверојатна кариера што ми донесе необични и интересни искуства и јас сум исклучително благодарна“, изјави манекенката за „Daily Telegraph“.


Ел Мeкферсон е една од најпознатите модели на 90-тите. Позната и под прекарот „The Body“, таа ги освои модните писти со Наоми Кембел, Клаудија Шифер и Синди Крафорд.




Спонзорирани линкови

Маркетинг