[ВИДЕО] „Netflix“ објави трејлер за серијата „Ripley“, луѓето пишуваат: „Ова изгледа како ремек-дело“

Точка

05/03/2024

11:49

1.678

Големина на фонт

а а а

„Netflix“ објави нов трејлер за психолошката минисерија „Ripley“, чија премиера е закажана на 4-ти април 2024 година. Серијата се базира на серијалот книги за Том Рипли од писателката Патриша Хајсмит.

Улогата на Том Рипли ја отелотвори ирскиот актер Ендрју Скот, познат на гледачите по улогите во „Fleabag“, „Sherlock“, „1917“, „All of Us Strangers“, „Band of Brothers“, „His Dark Materials“ и други проекти.

Како што пренесува „Deadline“, приказната на минисеријата го следи измамникот Рипли во Њујорк во раните 1960-ти. Еден богаташ го ангажира да отпатува во Италија и да го убеди неговиот син да се врати дома. Прифаќањето на работата од страна на Рипли е првиот чекор во комплицираниот живот полн со измами, кражби и убиства, а објавениот трејлер покажува колку далеку Рипли е подготвен да оди за да ја заврши работата.

Минисеријата ќе има 8 епизоди и ќе се прикажува во црно-бел формат. Покрај Ендру Скот, во „Ripley“ глумат Дакота Фенинг како Марџ Шервуд и Џони Флин како Дики Гринлиф како и Елиот Самнер, Маурицио Ломбарди, Маргерита Бај и Џон Малкович.


По објавувањето на новиот трејлер, гледачите кои едвај ја чекаат премиерата се јавија во коментари.

„Кинематографијата изгледа неверојатно!“, „Конечно нешто што вреди повторно да се претплатите. Одамна немаат направено добра минисерија“, „Ова изгледа како ремек-дело“, „Едвај чекам да дојде ова на 'Netflix'“, „Ендрју Скот е совршен избор за оваа улога“, „Конечно нешто вредно за гледање“, се дел од коментарите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг