Во Европскиот парламент се одржа расправа за предлогот на нови правила за возачките дозволи.
Предложената директива на Европската Унија предвидува низа измени:
Електронска возачка дозвола: Воведување на дигитална возачка дозвола која ќе биде достапна на мобилен телефон и која ќе биде идентична со физичката возачка дозвола.
Здравствени прегледи за возачите: Возачите ќе мора прават здравствени прегледи на секои 15 години. Оваа мерка има за цел да гарантира дека возачите се способни за безбедност на патот.
Строги правила за младите возачи: Возачите во пробен период ќе мора да поминат најмалку две години со ограничувања. Возачките дозволи за мотоцикли, автомобили и трактори ќе важат 15 години, а за камиони и автобуси – 5 години.
Оценување за физичката и менталната состојба на возачите: При издавање или обновување на возачките дозволи, возачите ќе мора да бидат оценети за нивната физичка и ментална состојба. Членките на ЕУ ќе одлучат дали оваа оценка ќе се замени со лекарски преглед.
Обука за реални ситуации: Тестовите за возачката дозвола ќе вклучуваат возење во снежни и влажни услови, мртви агли, системи за помош на возачот и безбедно отворање на вратите на возилото.
Европратениците не го поддржаа предлогот на Комисијата за скратување на рокот на важност на возачките дозволи за постарите граѓани бидејќи сакаат да избегнат дискриминација и да им го гарантираат правото на слобода на движење и учество во економскиот и општествениот живот.
За да се надомести недостигот од професионални возачи, претставниците одлучија да им овозможат на 18-годишниците да добијат дозвола за управување со камион или автобус со капацитет до 16 патници, со услов да поседуваат потврда за професионална способност. Во текстот се предлага и 17-годишниците да можат да добијат дозвола за управување со автомобил или камион, придружувани од искусен возач.
Остатокот од текстот можете да го прочитате ТУКА.