Комбинацијата на овие две намирници може да направи чуда доколку имате проблем со стомакот, но ќе го подобри и вашиот имунитет

Точка

04/03/2024

20:16

11.504

Големина на фонт

а а а

Куркумата и јогуртот се преполни со есенцијални нутриенти кои можат да бидат многу корисни за вашето здравје.

Куркумата содржи куркумин, моќен антиоксидант којшто може да помогне во намалувањето на воспаленијата во телото. Докажано е дека има потенцијална корист и за состојбите како што се артритис, болести на срцето, па дури и канцер.


Од друга страна, јогуртот е совршен изворна пробиотици, корисни бактерии кои можат да помогнат во подобрување на системот за варење и јакнење на имунитетот.

Исто така тој содржи и високо ниво на калциум којшто е неопходен за јаки коски и заби, потоа има протеини кои се потребни за градење на ткивата во телото.

Комбинацијата на куркума и јогурт може да даде моќно нутритивно влијание како и одлична комбинација на вкусови.


Оваа комбинација е популарна во многу од кујните ширум светот, особено во индиската и блискоисточната каде на јадењата им дава посебни вкусови.

Доколку вкусот ви е премногу интензивен, тогаш може да додадете мед.