[ВИДЕО] Разговорот на Јелена Карлеуша и Георгина Родригез ја потресе планетата! Дали девојката на Роналдо ја открила неговата голема тајна?

Точка

03/03/2024

15:04

19.804

Големина на фонт

а а а

Јелена Карлеуша и Георгина Родригез се запознале на модната недела во Париз, а нивниот разговор го потресол фудбалскиот свет.

Странските медиуми „брујат“ за тоа дека Георгина на „српската дива“ всушност и открила кога Кристијано Роналдо ќе ја заврши кариерата!

Имено, на видеото кое станало вирално на социјалните мрежи, може да се слушне како Георгина на Карлеуша ѝ го вели следното: „Уште една година и завршува. Можеби две, не знам“, рекла Георгина и предизвикала „земјотрес“ на социјалните мрежи.

Многумина овој разговор го поврзале со крајот на кариерата на Кристијано Роналдо и со право се запрашале дали Георгина и Јелена зборувале за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, и дали избраницата на легендарниот Португалец токму на Карлеуша ѝ ја дала светската ексклузива за крајот на неговата голема кариера.

Во прилог на тоа оди и стајлингот во кој Георгина се појавила на модната писта. Таа носела фустан инспириран од дресот на Кристијано, со бројот 7 истакнат и неговиот потпис.


Роналдо неодамна наполни 39 години и во моментов настапува во Саудиска Арабија за „Al-Nassr“, а кога навистина ќе ја заврши кариерата – останува да видиме.