[ФОТО] Еминем и натаму го користи овој застарен, легендарен телефон: „Паметно, денешните телефони го уништуваат општеството“

Точка

02/03/2024

18:00

10.990

Големина на фонт

а а а

Очигледно е дека познатиот рапер Еминем не е љубител на модерните паметни телефони.

Откриено е дека Еминем сѐ уште користи телефон „BlackBerry“ со тастатура.

Оваа информација ја споделил Dj Whoo Kid којшто на Инстаграм објавил фотографија. На фотографијата се гледа дека Еминем користи „BlackBerry“, а истото било потврдено и во описот на истата.

„Еминем се обидува да сфати кој ја изел последната порција шпагети“, напишал Whoo Kid.

„Јас ги кренав рамениците и му реков дека тоа е @iamdenaun. А, да. Тој сѐ уште има „BlackBerry“ телефон“, пишува во описот на фотографијата.

„И јас сѐ уште го имам“

„Vintage“, „Паметно, овие денешни паметни телефони го уништуваат општеството“, „Мене ми недостасува овој телефон“, „И јас сѐ уште го имам, не сакам да се откажам од таа тастатура“, „Дали тоа е vintage BlackBerry или модел од 2022 година?“, биле само дел од коментарите под објавата.

Како што пишува „Complex“, телефонот во 2022 година бил прогласен за застарен модел откако „BlackBerry“ престанал да дава услуги за своите класични мобилни уреди.


Последните модели кои компанијата ги лансирала биле „BlackBerry Evolve“ и „Evolve X“ во 2018 година.

Затоа, не е јасно каква функционалност има уредот којшто Еминем го држи во рацете или како сѐ уште може да го користи.

Сепак, „BlackBerry“ телефоните и натаму можат да се пронајдат и купат во одредени онлајн продавници, како што е „Amazon“, но нивната функционалност е ограничена.




Спонзорирани линкови

Маркетинг